Активности на проектите од ИПА програмата за прекугранична соработка

На ден 03 и 04.11.2011 година, се оддржа координативен состанок на тимовите за имплементација на проектите  „Под едно небо“ и „Културното наследство – мост кон заедничка иднина“, кои збратимените општини Крива Паланка и Дупница ги имплементираат во рамките на Првиот повик на ИПА Програмата за прекугранична соработка. Во рамките на работниот состанок беа разменети искуства за досегашниот тек на имплементација на проектите и договорена стратегија за понатамошна комуникација и координација на двата тима.

 

Исто така, двата тима ги посетија локациите на градежните работи, предвидени со двата проекта, односно, Музејот на градот и локацијата на испосницата на Св.Јоаким Осоговски во село Градец.

 

На посетата на овие локации ги придружуваа и Градоначалникот на општината и претставници на изведувачот на работите во с.Градец, ДГПТУ МАТО ИНЖЕНЕРИНГ, како и локланиот медиум Златен Канал.

 

Големина на фонт
Контраст