Младите репрезентативки во кошарка на припреми во Крива Паланка

Општина Крива Паланка деновиве е место каде се одвиваат подготовките на младата женска кошаркарска екипа на репрентацијата на РС Македонија до 14 години и по тој повод градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денес во својот кабинет организираше мал прием за младите репрезентативки.

Досегашните подготовки на младите репрезентативки во кошарка се одвиваа во Скопје и Кавадарци, а во наредните две недели тренинзите ќе се реализираат во спортската сала во Крива Паланка

Градоначалникот Мицевски во соработка со Митрополитот на Кумановско-осоговската епархија, г. д-р Јосиф, несебично  го помогнаа и поддржаа овој тренажен процес на младите кошаркарки, со што нивните подготовки во општина Крива Паланка ќе продолжат до 10.08.2019 г.  Во тимот на репрезентацијата се и пет кошаркарки од Крива Паланка.

На денешната средба градоначалникот Мицевски заедно со претставниците од тимот на селектори, Ведран Белешковски од Крива Паланка и Никола Златев од Кавадарци, најавија и официјален контролен натпревар помеѓу женската кошаркарска репрезентацијата до 14 години на РС Македонија и репрезентацијата на Р. Бугарија, која ќе се реализира во општина Крива Паланка.

Во тимот на младите репрезентативки на нашата држава, се и пет кошаркарки од Крива Паланка, што претставува особена чест и успех за нашиот град, нивите тренери и родители, како и љубителите на кошарката. Затоа особено сум горд на младите спортски ентузијасти од општина Крива Паланка  како што се Ведран и Ирена, а неизмерно ги ценам и напорите на родителите на децата спортисти и нивната огромна улога во моралната, финасиската и секој друг вид на поддршка и помош што несебично и секојдневно им ја пружаат на овие млади и перспективни кошаркарски таленти. Ние како институција помагаме и даваме поддршка во согласност со финансиските можности и програми на општината и континурано работиме и правиме напори со конкрени активности,  во насока на развој на спортот и спортските таленти од општина Крива Паланка, изјави градоначалникот Мицевски.

Градоначалникот им посака успешен тренинг и пријатни и убави моменти на младите репрезентативки во нивниот тренажен процес во Крива Паланка, како и успех на престојното балканско првенство во Словенија за кошаркарки до 14 години.