Во Крива Паланка се оддржа Меѓународен фолклорен фестивал за деца ,,Паланечка тројка“

На 28.07.2019 г. во Крива Паланка се оддржа првиот Меѓународен фолклорен фестивал за деца „Паленечка тројка“.

Домаќин на фестивалот е Културно уметничкото друштво „8-ми Октомври“ од НУ Центар за култура од Крива Паланка, а финансиски е поддржан од Министерството за економија преку проект од областа за развој на туризмот.

Културата, јазикот и верата се основни облежја, кои не оддржале низ вековите и затоа особено сме горди на младите генерации кои продолжуваат да ги чуваат и негуваат овие вековни традции на нашиот народ, истакна градоначалникот Мицевски на отварањето на фестивалот.

На фестивалот учествуваа околу двесте млади играорци и играорки од држвата и соседството, а фестивалската програма беше реализирана со настапи на пет ансамбли: КУД „8-ми Октомври“со вкупно 80 играорци, КУД „Младост“ од Ковин Р.Србија, КУД „Етнос“ од Скопје, КУД „Мирка Гинова од Демир Капија, ФА „Мугри“ од Кочани и КУД „Јанко Глигоров“од Свети Николе.

Организаторот на фестивалот, НУ Центар за култура, додели благодарници за поддршка на учесниците, на покровителите, на локалните институции и стопанственици, кои овозможија успешна реализација на премиерното издание на овој детски фолклорен фестивал, за кој се планира во иднина да прерасне во традиционален.

Големина на фонт
Контраст