Реконструкција на санитарните јазли во ООУ „Јоаким Крчовски“

Во ООУ „Јоаким Крчовски“ од Крива Паланка започнаа градежни активности за комплетна реконструкција на санитарни јазли со отстранување на досегашната доводна и одводна инсталација.

Со оваа активност се предвидува поставување на нова водоводна и канализациона инсталација, со нова санитарија, плочки, врати и штедливи лед арматури за осветлување, а предвидено е и поставување на хидранти на секој спрат.

Како што изјави директорот на ООУ „Јоаким Крчовки“, Дане Петровски, сите овие активности треба да бидат завршени до почетокот на новата учебна година, а наредната планирана активност е целосна реконструкција на фасадата на овој училишен објект со поставување на термо изолација, за енергетска ефикасност на објектот.

Исто така во тек се и активности за санација на постоечката училишна ограда на учлишниот објект во с.Луке, со која се врши заштита на содржините во училишниот двор, како од влегување на животни, така и од други надворешни фактори.

Реализацијата на овие градежни зафати се одвива според програмата за оддржување на училишните објекти со средства обезбедени од Министерството за образование.

Големина на фонт
Контраст