Се гради повеќенаменското игралиште

Општина Крива Паланка заедно со Агенцијата за млади и спорт  ги продолжуваат градежните работи  околу изградбата на повеќенаменското игралиште. После ископот на темелните ленти  извршено  е и бетонирање на армирано-бетонските темели. Градежните работи ќе продолжат и во наредниот период  согласно динамичкиот план на изградба и временските услови.

Повеќенаменското игралиште е дел од предвидениот спортски комплекс кој опфаќа изградба на спортска сала, со површина од  1350 метри квадратни и капацитет за 500 гледачи, тениско игралиште од 830 метри квадратни и повеќенаменско игралиште од 1230 метри квадратни.