Романтична вечер со „Трио Џентлмен“ во Крива Паланка

Кривопаланечката јавност синоќа имаше можност да го проследи и да ужива во инзвонредниот концерт на „Трио Џентлмен“.

Концертот се оддржа во преубавиот амбиент на Соборен храм „Св.Великомаченик Димитриј“ во Крива Паланка, а неговата реализација беше во организација на Општина Крива Паланка и Центарот за аудиовизиелни уметности, со поддршка од Министерството за култура.

Општина Крива Паланка се погрижи и оваа година, кривопаланечката јавност да има можност да проследи разновидна и богата културна програма со бројни настани од книжевната, музичко-сценската, ликовната и театарската уметност.

 

 

Големина на фонт
Контраст