Соработка со регионот „Срцето на Словенија“

Вчера, Општина Крива Паланка беше домаќин на делегацијата од Р.Словенија во која беа градоначалниците на Домжале, Шентрупет, Менгеш, Дол кај Љубљана, Луковица, Литија, претставници од Центарот за развој „Литија“ и бизнисмени од овој регион.

Посетата е во рамките на проектот „Предностите од проширување на ЕУ за  регионалниот развој“ кој го реализираат Североисточниот плански регион со регионот „Срцето на Словенија“.

Фокусот на посетата на делегацијата од Р.Словенија е продлабочување на економските релации со општините од североисточниот дел (Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово, Липково и Ранковце), дефинирање на можностите за интензивирање на регионалната соработка, како и размена на искуства во изработка на заеднички проекти за регионален развој кои би биле финансиски поддржани од фондовите на ЕУ.

Делегацијата по посетата на Градскиот Музеј во Крива Паланка оствари работна средба со претставници на Општина Крива Паланка. Средбата се одржа во манстирскиот комплекс Свети Јоаким Осоговски.

 

 

Големина на фонт
Контраст