Бронзен медал за Вукашин Јовановиќ на Балканското првенство во карате

Изминатиот викенд во Бања Лука, Република Босна и Херцеговина се одржа Балканското првенство во карате за деца од 10 до 13 години. Во составот на Државната репрезентација од Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка настапија Вукашин Јовановиќ, Адриан Симоновски, Теа Михаиловска и Леа Стојковска. Вукашин Јовановиќ во исклучително силна конкуренција го освои бронзенот медал во категорија деца 13 години -45 кг. борби, со освоени 4 победи против репрезентативците на Бугарија, Србија, Босна и Хецеговина и Словенија.

Добар настап имаа и останатите наши претставници каде Теа Михаиловска се бореше во репесажот за трето место, но за жал не успеа да освои медал.

За Вукашин Јовановиќ ова е  втор медал од балканските првенства, после сребрениот од пред две години во Истанбул, Турција.

Соглано календарот на Карате федерацијата на РС Македонија и Светската карате федерација во летниот период претстои учество на неколку летни карате кампови во Суто Море, Република Црна Гора како и настап на Светскиот куп во Умаг, Хрватска.

 

Големина на фонт
Контраст