Градоначалникот Мицевски ја поздрави 55-та генерација матуранти

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски заедно со претставници на општинската администрација,  денес им ја честиташе матутрата на 55-та генерација матуранти од Средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров“.

Во своето обраќање пред матурантите, градоначалникот Мицевски им порача дека, сега тие се наоѓаат пред испитот на зрелоста, кога и официјално се влегува во светот на возрасните пред да се тргне во ново животно поглавје и дека само со образование може да се постигне подобар просперитет, како на личен план, така и за просперитет на локалната заедница и на целото општество.

-Од мое лично име и од името на општинската администрација, ви го честитам матурирањето и ви посакувам големи успеси во животните предизвици. Сите бариери и икушенија на тој пат совладувајте ги успешно и лесно и бидете достоинствени и храбри да се соочите со предизвиците кои секогаш стојат пред човекот, изјави градоначалникот Мицевски, во своето обраќање пред овогодинешните матуранти од Средното општинско училиште ,,Ѓорче Петров“.