Први места на државните натпревари за кривопaланечките ученици од СОУ Ѓорче Петров

Денес, градоначалникот Борјанчо Мицевски во својот кабинет ги прими учениците од СОУ Ѓорче Петров,  добитници на највисоките државни признанија и награди на натпреварите по одредени области,  кои се оддржаа во текот на изминатата недела.

Градоначалникот Мицевски им ги честита освоените државни награди на учениците и нивните ментори и изјави дека нивните успеси претставуваат вистинска гордост како за наставниот кадар, така и за општината, а за нив уште поголема стимулација за поголеми успеси во понатамошното стручно усовршување и школување.

Станува збор за освоено прво место на државниот натпревар по македонски јазик и литература, оддржан на 11.05.2019 год. во Велес, на кој ученичката Бојана Спасовска под менторство на професорката Жаклина Цековска, го освои прво место.

Исто така освоено прво место на државниот натпревар по социологија, оддржан на 11.05.2019 год. на Филозофскиот факултет во Скопје, ученичката од втора година, Глорија Стојковска, под менторство на професорката Татјана Филиповска.

На државниот натпревар по англиски јазик, оддржан на 11.05.2019 год. на кој ученичката Евгенија Николовска под менторство на професорката Ивана Станковска, го освои трето место.

Учениците од СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка од електротехничка струка, учествуваа на XXXVIII–те државни натпревари за ученици од електротехничките, машинските и сообраќајните училишта, оддржани во Битола на ден 03.05.2019 год. и ги освоија следните награди:

– Александар Митовски од III6 клас, електротехничка струка кој го освои 3-тото место на натпреварот и

– Андреј Цветковски и Давор Стојановски од IV 6, електротехничка струка со трудот игра ,,Скочко“ која беше изработена во програмскиот јазик Delphi, за која освоија пофалница.

На државниот натпревар во роботика – ROBOMAC JUNIOR, оддржан на Електротехничкиот факултет во Скопје, ученикот Андреј Цветковски, под менторство на проф. Драгана Стојановска го освои второто место.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст