Редовен состанок на Здружение на директори на ученички и студентски домови од Р.Македонија

На 29.09.2011 година во Центарот за учење во ОУД „Боро Менков“ Крива Паланка, за прв пат во нашиот град, се оддржа редовниот состанок на Здружението на директори на ученички и студентски домови од Република Македонија.

Беа пристигнати гости од Кратово, Куманово, Свети Николе, Скопје, Битола, Штип, Македонски Брод, Гостивар, Струга и Охрид.

 

Во работна и пријатна атмосфера се дискутираше за актуелни прашања од животот и работата на ученичките домови, како што се соработката помеѓу домските заедници од земјата и  Европа, вработувањата во домовите, материјалните средства за подобрување на условите за живот и користење на техниката и технологијата во учењето, забавата и комуникацијата на децата.

Во неформалното дружење по состанокот директорите, воспитувачите и останатите гости пристигнати во домот  изразија  благодарност за топлиот прием на вработените и децата во домот.

Исто така  се разменија искуствата од секојдневната практика во домовите, со надеж дека ќе се продлабочи комуникацијата, заедничките активности и ќе се отвори простор за изработка и реализација на заеднички проекти, преку кои ќе се подигне квалитетот на домовите во Македонија на европско ниво.

 

Големина на фонт
Контраст