Изложба на слики од авторката Цветанка Јованова Хермес

Денес во НУ Центар за култура во Крива Паланка беше отворена изложба на слики од два творечки циклуси на академскиот сликар Цветанка Јованова-Хермес.

Изложбата е сочинета од дела од двете последни изложби на Јованова-Хермес, насловени „Што сум јас” и „Кој сум јас”.

Цветанка Јованова-Хермес, дипломира на универзитетот за ликовни уметности во Благоевград, Бугарија во 2001 година, отсек – графика, а магистрира на истиот отсек и на Ликовната академија во Скопје.

Досега има организирано 16 самостојни изложби, а учествувала на стотина групни изложби, ликовни колонии и работилници.

На отворањето на изложбата, директорката на НУ Центар за култура, Мира Ѓоргиевска изјави дека оваа изложба е дел од годишната програма на установата, поддржана од Министерството за култура, во рамки на превземање изложби. Она што е привлечно и истовремено инспиративно се пораките испишани на делата, но и суптилните пораки кои оставаат простор за лична интерпретација на секој гледач кој ќе ја пронајде директната порака на авторката.