Во Крива Паланка се одржа манифестацијата „Велигденска традиција 2019“

Традиционално, шеста година по ред, на вториот ден од Велигден, Крива Паланка е домаќин на манифестацијата „Велигденска традиција“.

Манифестацијата и годинава се одржа во дворот на локалната установа Градски музеј, Крива Паланка, а ја организираат Градски музеј и локалната самоуправа на општината.

На штандови беа изложени индивидуални и групни декорации со разни велигденски мотиви, поврзани со традицијата, a изработени од вештите раце на најмалите кривопаланчани од детската градинка Детелинка и од двете основни училишта од градот, како и од штитениците од Центарот центар. Присутните ги забавуваа учениците од кривопаланечкото средно училиште со свои велигденски изведби.

Од изложените велигденски декорации беше избрана и наградена најубаво декорираната композиција, а традиционално се одржа и натпревар во најцврсто јајце.