Асфалтирана сервисната улица во населбата Бегови Бавчи

На 01.10.2011 година Општина Крива Паланка започна со асфалтирање на сервисната улица во населбата Бегови Бавчи во должина од 594 метри како и поставување на цевки за одводнување на соседните кракови до спојот со улицата. Финасиските средства се обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка, а изведувач на градежните работи е фирмата „Изолација“ од Скопје.

Асфалтирањето на улицата е дел од програмата на Општината за подобрување на патната инфраструктура во градот и околината како еден од основните услови за подобрување на квалитетот на живеење.

 

Големина на фонт
Контраст