„Спорт за сите“, проект за социјална инклузија на млади

Денес во општина Крива Паланка беше презентиран проектот „Спорт за Сите“, кој ќе се реализира во наредните 6 месеци. Проектот е координаран од страна на невладината организија ТАКТ од Скопје, имлементиран од страна на локалното партнерство за спорт и развој од Крива Паланка и поддржан од германското друштво за меѓународна соработка ГИС.

Ова е прв ваков проект кој се имплементира во РС Македонија, а општина Крива Паланка е избрана за пилот општина во која тој ќе се реализира. Партнерството со општина Крива Паланка доаѓа како резултата од соработката со волонтерот Кајл Бучер од  ПИС КОРПС Македонија и соработката со Ирена Белешковска од Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ и секако, соработката со градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

– Сето она што Општина Крива Паланка го прави во претходниот период, со подобрувањето на локалната спортска инфраструктура и сите други активности за развој и унапредување на спортот, верувам дека ќе вродат со плод и сите ние како граѓани на Крива Паланка ќе можеме да се гордееме, а општинските спортски клубови и поединци спортисти  ќе продолжат да редат  најпрестижни  награди, признанија и медали од национални натпревари и регионални турнири, изјави градоначалникот Мицевски.

Целта на проектот „Спорт за сите“, е да се подобри социјалната инклузија на маргинализирани млади во Крива Паланка, кои немаат соодветен пристап до спортските објекти, како и поттикнување и промовирањето на можностите за спортување и нивно унапредување и развој, социјална инклузија, економски развој и вклучување на маргинализираните групи во општеството.

Како што рече извршната директорка на ТАКТ од Скопје, Магдалена Спасовска, овој проект е создаден да служи како алатка за инклузија на деца и млади од маргинализирани заедници, а главна цел на акцијата е да се помогне во стекнувањето на социјалната инклузија преку спортот, како и да се промовира градењето  на мирот, пријателството, соработката и инклузивните вредности на сите нивоа во општеството.

Проектот претставува серија од планирани структурни активности, а се со цел да се промовира идејата за спорт за сите и спорт за социјалана инклузија.

Како една од целите на овој проект е и создавањето на оддржлива база на обучувачи-ментори,  млади тренери, кои ќе го користат своето знаење за спортот за социјална инклузија и сето тоа ќе го инкорпорираат во своите училишта, во спортските клубови и младинските центри.

Во рамките на проектот „Спорт за сите“ предвидено е развивање на урбани спортски локации за социјално вклучување, како и ревитализација на заборавените спортски содржини, кои ќе се трансформираат во оддржливи спортски локации за сите млади во градот.