Дуото од Kрива Паланка со специјална награда на Меѓународниот натпревар по гитара во Ќустендил

Во силна конкуренција со стотици учесници од десетина европски држави на Меѓународниот натпревар по гитара во Ќустендил, Бугарија, младите гитаристи Давид Давитковски и Леон Јанковски, членови на Грaдскиот оркестар „АЛЕГРО“  –  Крива Паланка, заедно со менторот Лариса Жулина-Митовски се враќаат со Специјална  награда.

Годинава на натпреварот имаше учесници од Русија, Украина, Италија, Кипар, Грција, Србија, Северна Македонија и домаќинот, Бугарија.