Крива Паланка најтранспарентна општина во рамките на проектот РОТОР

На 16 септември се одржа завршната  конференција во рамки на проектот „Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење на ЕЛС“ (РОТОР) со кој беа опфатени општините Крива Паланка, Кратово, Ранковце, Пробиштип и Старо Нагоричане.

На конференцијата беа претставени позитивните практики во областа на транспарентно работење, како и предизвиците и предностите со кои се соочуваат институциите на локално ниво во овој сегмент на своето работење.

На конференцијата свое излагање имаа г. Реџаиљ Исмаили  од Комисијата  за локална самоуправа, Собрание на РМ, г-ѓа Ирена Николов од ЗЕЛС и  г. Герман Филков од Центар за граѓански комуникации.

 

Општина Крива Паланка доби плакета за најтранспарентна општина од петте општини кои беа вклучени во проектот.

Проектот, чија цел е  зголемување на степенот на транаспарентно, отчетно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) преку градење на капацитетите на општинската администрација, креирање и негување етички норми на однесување за поефикасни институции во служба на граѓаните, е овозможен преку грант од програмата Civica Mobilitas, имплементиран од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC, а е имплементиран  од страна на ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово.

Големина на фонт
Контраст