ООУ „Јоаким Крчовски“ со ознака за е-Твининг училиште

Училиштето „Јоаким Крчовски“ Крива Паланка активно е вклучено во е-Твининг платформата веќе десет години. Наставниците активно работат на е-Твининг проекти и се добитници на повеќе е-Твининг награди.

Училиштето оваа година аплицираше и во конкуренција од повеќе училишта од Европа  ја доби ознаката за е-Твининг училиште, со што ќе биде препознаено на картата на европските училишта како училиште со развиени иновативни методи, техники и ИКТ алатки во наставата.

Посебно заслуга за оваа награда имаат наставниците, учениците и директорот на училиштето Дане Петровски, кои неуморно работат и соработуваат се со единствена цел- подобра и иновативна настава.

Од неодамна училиштето има и свој блог https://ooujoakimkrchovski.home.blog/, изработен од тимот на проектот „Иднина“  кој е дел програмата Еразмус +.

Е-Твининг е жива заедница која има вклучено во своите 13 години постоење, повеќе од 500.000 наставници кои работат во 190.000 училишта. Направени се повеќе од 70.000 проекти, кои вклучуваат повеќе од 2.000.000 ученици од целиот континент. Е-Tвининг – заедница на училишта во Европа и соседни партнерски земји – е акција наменета за училишта, финансирана од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +.  Вклучува наставници од 36 европски земји и 8 соседни земји.