Писмо од градоначалникот на Самбревил

Градоначалникот г.Арсенчо Алексовски доби писмо од неговиот белгиски колега, градоначалникот на Самбревил г. Жан-Чарлс Луперто, во знак на благодарност за учеството на претставниците од Општина Крива Паланка на манифестацијата што се одржа во Самбревил.

Посетата беше искористена за започнување на постапката за збратимување, на иницијатива на кривопаланечкиот иселеник Илија Величковски, кој долги години живее во овој град, по што од страна на локалните власти на Самбревил веднаш била упатена покана за збратимување и посета на белгискиот град, оддалечен само 50-тина километри од Брисел.

Соработката продолжи со потпишување на Меморандум за соработка во Крива Паланка. На свеченоста присуствуваа г-ѓа Луси Грегоар, одговорна за програмата за збратимување и другите облици на соработка и г-ѓа Карин Даф, претставници на Самбревил, а од страна на нашата локална самоуправа меморандумот го потпиша градоначалникот г.Арсенчо Алексовски.

Во прилог е писмото упатено до градоначалникот г.Арсенчо Алексовски