„Будење на свеста“ на Катерина Ангеловска промовирана во Крива Паланка

Како да се достигне емотивна и душевна хармонија, кои се тајните на воспоставување баланс на духот, телото и умот, чекори до себереализација и лично задоволство, со ослободено срце беа дел од темите за кои Катерина Ангеловска, авторка на „Будење на свеста“ и мотивациски говорник говореше на синоќешната промоција на книгата и семинар во градската библиотека „Кочо Рацин“ при Национална установа Центар за култура, Крива Паланка.

-Бројното присуство на публика ме прави среќна што направивме добар избор за гостување на авторката, која работи и дејствува на полето на мотивацијата, како мотивациски говорник, личен тренер, што е тренд во последно време. Ние уште од нејзината прва книга „333 афирмации“ се дооговравме за гостување, но приликата е одлична да само еден месец по промоцијата на „Будење на свеста“ Ангеловска биде наша гостинка и можевме да слушнеме многу насоки за тоа како да го искористиме сето она што го поседуваме како личен потенцијал на патот на себеспознавањето и самореализацијата, рече Мира Ѓоргиевска, директорка на НУЦК, Крива Паланка.

Според Ангеловска, првиот принцип за кој се залага секогаш, во говорите и на работилниците, е поттикнување на луѓето да превземат стопроцентна оговорност за сопствениот живот.

-Оваа книга има делови за универзалните закони, има дел објаснувања на нештата преку квантната физика, што значи енергија и како се е енергија, дел кој ќе ви овозможи да се спознаете себеси и сопствените парадигми, товарот кој го носите со себе и друго. Сакавме со мојот сопруг да ја подариме  книгата на читателите, да биде прилагодена на македонски јазик, зашто обично во овој свет на информации личниoт развој е тренд кој има влијанија од американската литература, а нема многу достапни за нашето поднебје прилагодени изданија. Ние ја прилагодивме, напишана е на едноставен, разбирлив јазик, за секој да може да се препознае, да се спознае, да добие нови увиди и некои се веќе познати, а книгата ќе овозможи да ви бидат патоказ да застанете на патот кон она што сакате да го постигенте во вашито живот. Да се одржите на добра фреквенција во целиот процес, изјави Ангеловска.

 

Големина на фонт
Контраст