Десеттото издание на традиционалната културна манифестација „Невестинско поклонение 2019“

Традиционално по десетти пат, оваа година се одржа културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тeодор Тирон’’ во кривопаланечкото село Конопница.

Настанот е  во организација на  РЗР ПАТНИК, а се оддржува под покровителство на Општина Крива Паланка со поддршка на месната заедница на село Конопница, НУ Центар за култура и ЛУ Градски музеј,  заедно со Македонска православна црква-Кумановско-осоговска епархија.  Координатор на манифестацијата е Стојанче Величковски.

Оваа година гости на манифестацијата беа министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на општина Кратово д-р Љупчо Бојаџиев, на општина Ранковце, Ивица Тошевски, и на општина Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска, претседателот на Советот на општина Крива Паланка, Изабела Павловска и на Советот на општина Куманово, Атина Мургашанска, како и претставници од Советите на општините Трговиште и Босилиград од Р.Србија.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, како покровител на манифестацијата ги поздрави бројните гости и се заблагодари на директните учеснички за нивниот допринос и рече дека тие се украс на оваа манифестација. Во оваа прилика, тој им посака мир и слога во семејството, разбирање и љубов, не само кон сопругот, туку и кон свекрвите, зошто тие се значаен чинител, како во семејството, така и во бракот како институција.

-Ви посакувам мирни брачни води, а пред се здраво и долговечно поколение, рече градоначалникот Мицевски.

Оваа манифестација, со текот на годините, прерасна во своевиден бренд на с. Конопница, на општина Крива Паланка и поширокиот регион. Оваа година за прв пат на манифестацијата учествуваа и пар снаа-свекрва од Пијанечко- малешевската свадба, како и пар од Босилеград-Р. Србија.

Во изминатите десет години вкупно учествувале приближно околу сто невести учеснички, што е доволен показател дека културната манифестација „Невистинско поклонение на Свети Тодор Тирон’’ преминува во масовна традиција и вистински туристички бренд и значајно традиционално културно  обележје на градот Крива Паланка и белег на село Конопница.

Големина на фонт
Контраст