Златен медал за Вукашин Јовановиќ на „Никон Опен 2019“

Изминатиот викенд Карате клубот „Шампион“ од Крива Паланка настапи на силниот меѓународен карате турнир „Никон Опен  2019“ кој се одржа во Софија, Република Бугарија. На турнирот земаа учество  над 1 100 натпреварувачи од 22 земји и преставува еден од најсилните турнири во Европа. Kлубот „Шампион“ настапи со четворица  свои натпреварувачи и тоа  Вукашин Јовановиќ до 45 кг, Владимир Максимовски категорија над 55 килограми, Јована Мицовска во категорија до 55 кг и Ерика Стевановска во категорија до 42 кг.

Вукашин Јовановиќ во силна конкуренција над  30 натпреварувачи во својата категорија со четири победи  го освои златниот медал и по вторпат се качи на тронот во својата категорија.  Вукашин Јовановиќ го освои златниот медал и на минатогодишниот турнир.

Добар настап имаа и другите натпреварувачи  Владимир Максимовски и Ерика Стевановска кои се бореа за бронзените медали  во своите категории,  но за жал ги изгубија клучните мечеви со минимална разлика. Јована Мицовска  во исклучително силна кадетска конкуренција после забележани две победи во полуфиналето беше запрена од натпреварувачката на Унгарија со минамален пораз од 2-0 и изостана борбата за медал.

Тренерите на клубот во целост се задоволни од настапот на нашите  каратисти кои уште еднаш докажаа  дека високо котираат на меѓународната карате сцена.

Се планира настап на уште неколку карате турнири во земјата и странство,  а главна цел ќе биде Државото првенство во карате кое ќе се одржи во  мај месец оваа година и е изборно за настапот на државната репрезентација на претстојното Балканско првенство.

 

Големина на фонт
Контраст