Меѓународни успеси на КК „Шампион“ од Крива Паланка

Изминатиот викенд каратистите од Карате клубот Шампион од Крива Паланка настапија на два исклучително силни меѓународни карате турнири.

Првиот „Фунакоши Гичин Опен 2019“ се одржа во Скопје со учество од над 500 каратисти од шест земји. Од Карате клубот „Шампион“ учество земаа 10 каратисти од кои со медали се закитија Јована Мицовска во категорија помлади кадетки-златен медал, Вукашин Јовановиќ категорија помлади кадети-сребрен медал,Филип Димитриевски помлади кадети-бронзен медал и Адриан Симоновски категорија ученици-бронзен медал.

Во неделата Карате клубот „Шампион“ учествуваше на Меморијалниот карате турнир „Светслав Иванов“ кој се одржа во Ќустендил, Република Бугарија каде учествуваа над 450 натпреварувачи. Во исклучителна силна конкуренција Вукашин Јовановиќ го освои бронзениот медал после три извојувани победи.

Во наредниот период планирано е настап на уште неколку силни карате турнири во Република Бугрија и Република Србија се со цела да се постигне посакуванатa форма за настап на Државното првенство кое ќе се одржи во месец мај и кое ќе биде критериумско за настап на Балканското првенство во Република Босна и Херцеговина.

 

Големина на фонт
Контраст