Седми фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Во чест на големите христијански празници Успение на Пресвета Мајка Богородица – Голема Богородица и Свети Јоаким Осоговски од 26 до 28 август во Крива Паланка се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ . На седмото по ред фестивалско издание настапија фолклорни друштва од Македонија, Бугарија, Србија, Романија и Турција.

Граѓаните имаа убава можност да уживаат во вечерите исполнети со колоритен фолклор од регионот и пошироко.

Организатор на фестивалот е Општина Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Центарот за култура од Крива Паланка. 

Повеќе фотографии можете да погледате во делот Фотогалерија.

Големина на фонт
Контраст