Се обновува основното училиште „Илинден“

Во тек се градежните  работи за реконструкција  на  основното училиште „Илинден“, четврто по ред од вкупно четирите  основни училишта  кои се предвидени за реконструкција во рамките на проектот  „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“ од програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра.

Реконструкцијата опфаќа замена на целата кровна конструкција, изработка на нова фасада со поставување на изолација, изработка на нови подови, замена на старите олуци со нови како и замена на дрвената столарија  со нова ПВЦ столарија.

Се планира учениците да ја започнат  новата учебна година во ново реконструирано училиште до кога и се планирани да завршат градежните работи на оваа училиште.

Големина на фонт
Контраст