Во Крива Паланка започна фестивалот на детска песна ,,Распеано симитче’’

Во НУ Центар за култура од Крива Паланка, денес започна четвртото издание на фестивалот на детска песна „Распеано симитче“, кој е во организација на Центарот за аудиовизуелни уметности од Крива Паланка, а во соработка и со поддршка на Општина Крива Паланка.

Во преполаната сала, посетителите имаа несекојдневна можност да ги слушнат прекрасните мелодии и најубавите детски гласови и изведби на 16 солисти.

Фестивалските настапи продолжуваат  и вечерва од 18.00 часот, како и во текот на утрешниот ден во истите дневни и вечерни термини. Картите се во продажба и можат да се набават во билетарницата на Центарот за култура.