Одржана јавна расправа

На  19.07.2011 година, во просториите на Општина Крива Паланка, се одржа јавна расправа за Извештај за стратегиска оцена за животна средина на Државна урбанистичка планска документација за изградба на мала хидроелектрана МХЕ 179, со пропратни објекти на водотекот на Крива Река и Тораница, КО Костур, Општина Крива Паланка.

На јавната расправа свое излагање во врска со Извештајот дадоа претставници на Друштвото за технолошки и лабараториски испитувања, проектирање и услуги „ТЕХНОЛАБ“ ДОО – Скопје, кои беа изготвувачи на Извештајот.

Присутни на јавната расправа беа и претставници на нарачаталите на Извештајот, ЕМК ДООЕЛ Мали хидроелектрани од Скопје, како и заинтересирани граѓани.

 

Големина на фонт
Контраст