Ораторска вечер на учениците од СОУ Ѓорче Петров од Крива Паланка

На ден 17.12.2018 год. во СОУ „Ѓорче Петров”, Крива Паланка се оддржа петтата ораторска вечер. Активот по македонски јазик и литература  одлучи оваа година учениците да пишуваат на тема „Сакам да говорам за…”

Осуммина одбрани говорници зборуваа за тоа како го гледаат светот низ очите на убавото, наговестувајќи ги аномалиите на времето во кое живеат.

Ова е петта ораторска вечер во која со гордост нашите вредни и иновативни ученици го претставуваат својот богат интелект и труд. Учениците со поддршка на менторите, професорките од активот по македонски јазик и литература, подготвија одлични беседи, искажувајќи го своето мислење за светот и нивната потрагата за унапредување на истиот, за нивните ставови, кои посакувам секогаш низ животот гласно да ги искажуваат, рече директорката на СОУ „Ѓорче Петров”, Габриела Стаменковска.

За најдобар говорник одлучуваше петчленото жири, а првонаградена е Наташа Тошевска, второ место е Драгана Маџовска и третопласирана е Бојана Спасовска.

Општина Крива Паланка беше покровител на овој настан, а градоначалникот Борјанчо Мицевски додели парични награди за најдобрите. Награди доделија и училиштето и литературниот клуб „Калин” од НУ Центар за култура Крива Паланка.

Вечерта беше збогатена со сценски настап на учениции кои рецитираа стихови од Хомеровата „Илијада” и музичка интерпретација на Ванеса Митовска.

Големина на фонт
Контраст