Отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште“

Денес во НУ Центар за култура од Крива Паланка беше отворена изложба на слики од ликовната колонија „Ѓуриште“. Изложени се вкупно 28 уметнички дела  од 16 ликовни уметници, а кривопланчани – љубителите на ликовната уметност, се првите кои ја имаат можноста  да се запознаат со творештвото на ликовната колонија.

Почетокот на колонијата датира од пред 18 години и годинава имаше учество од најголем број уметници како од државата така и од соседните земји.

– Уметниците имаа можност да творат во прекрасна атмосфера која ја пружа светиниколската околија. Креативноста на уметниците беше инспирирана од поднебјето во кое уметниците твореа, а темата за работа беше слободна по избор и водена од нивниот внатрешен порив, изјави еден од основачите на колонијата, г-дин Димитар Лазов.