Нов администартивно-деловен објект

По иницијатива на градоначалникот Арсенчо Алексовски, во кругот на Општината, ќе се изгради нов атрактивен административно-деловен објект, на местото на сегашната мала зграда, позната како некогашен суд за прекршоци, која е во многу лоша состојба. Новиот објект ќе се гради по принципот на јавно-приватно партнерство, за што веќе е донесена одлука од страна на Советот на Општината. Како најповолна е избрана понудата на Трговско друштво за градежништво инжинеринг трговија и услуги МИЈОЛИ ДОО увоз –извоз Скопје.

Предвидено е зградата да зафаќа вкупна површина од 1012 квадратни метри. Со реализација на овој проект, локалната самоуправа  од сегашните 150 м2 ќе добие простор од дури 470 м2, со што ќе се реши долгогодишниот просторен проблем за обезбедување на услови за работа на општинската администарција. Според изготвената студија, приватниот партнер во новиот објект ќе инвестира околу 550.000 евра, од кој во негова сопственост за деловни потреби ќе останат 551 м2 во сутеренот и приземјето, а другите два ката ќе и бидат преостапени на општината.

Со изградба на овој објект ќе се добие нов, современ и многу поголем простор, без обврска општината да вложува средства односно да вложи минимални средства.  Имајќи во предвид дека само за реконструкциај на кровната конструкција на овој објект се потребни околу 30.000 евра, без притоа воопшто да се интервенира во реновирање на зградата, произлегува дека овој проект е исплатлив како за општината така и за приватниот партнер.