ООУ „Јоаким Крчовски” по вторпат партнер во меѓународен проект ИДНИНА преку програмата Erasmus+

ООУ „Јоаким Крчовски” – Крива Паланка по вторпат e училиште партнер во меѓународен проект ИДНИНА (FUTURE) преку програмата Erasmus+. Главен координатор на проектот е Португалија, а проектот ќе трае две години односно до 31.08.2020 година. Во рамките на проектот се вклучени основни и средни училишта од Португалија, Турција, Литванија, Полска и Македонија и истиот ќе се одвива на англиски јазик. Проектот е финансиран од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност. Главните цели на проектот се:

– Подобрување на математичките вештини со кодирање (алгоритми и математички размислувања),

– Стекнување на вештини: Како се кодира?

– Основи на роботиката преку математиката и природните науки,

– Web 2.0 Tool,

– Употреба на Web 2.0 и интернетот во секојдневната работа,

– Комуникација и усовршување на странските јазици,

– Запознавање на различни култури и учење за меѓусебна култура.

Уште еднаш нашите ученици и наставници ќе бидат во можност да разменат искуства со свои колеги од други држави, а со тоа и да го подобриме наставниот процес и успехот на учениците.

Големина на фонт
Контраст