Кривопаланечко културно лето 2011

Од утре до 23 август ќе се одржи  традиционалната културна манифестација „Кривопаланечко културно лето 2011“ во организација на НУ – Центар за култура од Крива Паланка со поддршка на Министерството за култура и Општина Крива Паланка.

Кривопаланечкото културно лето 2011 ќе биде отворено со театарската претстава „Чорба од канаринец“ од авторот Милош Радовиќи од Центарот за култура од Младеновац, Република Србија. Режијата е на Мирјана Карановиќ, а улогите ги толкуваат Сања Петровиќ и Михаило Максимовиќ.

Во рамките на  манифестација кривопаланчани ќе имаат можност да проследат повеќе театарски претстави, изложби, концерти, како и Летно кино со прикажување на повеќе филмови на отворена сцена.

Големина на фонт
Контраст