Запишани првачиња во учебната 2011/2012 година

Според добиените податоците од страна на училиштата  во Општина Крива Паланка во текот на месец мај 2011 година се запишани вкупно 193 првачиња во двете основни училишта и тоа во ООУ Илинден 85 ученика и во ОУ Јоаким Крчовски  108 ученика. Годинава според списокот добиен од матичната служба на МВР  во реонот на Општина Крива Паланка  треба да се запишат 223 првачиња.

Но тоа не е конечна бројка, бидејки треба да се изземат децата кои се иселени надвор од нашата општина и деца кои поради здравствени причини не можат да појдат во прво одделение.

Се очекува останатите да се запишат до септември кога ќе ја имаме вистинската слика за бројот на првачиња.