Подготовка на проектни предлози

Работна група од општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Арсенчо Алексовски,  на 16 и 17 јуни во Дупница  учествува на обуката  „Подготовка на проектни предлози – Дупница – Крива Паланка” . Обука е наменета за потенцијалните партнери и корисници од двете општини во рамките на  Вториот јавен повик за проектни предлози од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и  Бугарија.

Во рамките на вториот повик ќе бидат финансирани проекти во две приоритетни области:
-Економски развој и социјална кохезија,  и
-Подобрување на квалитетот на живеење од аспект на користење на природни и на културни ресурси.

Инаку Крива Паланка и Дупница се збратимени општини кои успешно соработуваат и зад себе имаат реализирано два заеднички проекта во рамките на Фаре/Кардс програмата, а во тек е имплементацијата на два проекта од првиот повика на ИПА програмата за прекугранична соработка на Европската Унија.