Во тек е реновирање на просториите на ТППЕ

Просториите на ТППЕ Крива Паланка се реновираат во рамките на проектот  “Внатрешно реновирање на просториите на територијалната противпожарната единица и создавање  на услови за нов едукациски центар за младите од областа на противпожарна заштита”.

  

 

Проектот е аплициран од страна на Општина Крива Паланка, со помош на волонтерот од Мировен корпус, г -ѓа Линда Рејнолдс, до канцеларијата на Мировниот корпус во Р.Македонија во рамките на SPA Grants 2011- Small Project Assistance.

Висината на проектот е 7.000 долари, обезбедени од страна на Мировниот корпус преку SPA Grants 2011, сопствено учество на Општина Крива Паланка и ТППЕ-Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст