Извршен технички прием на училиштето во с.Конопница

Во присуство на претставници на општина Крива Паланка, претставници на изведувачот и инвеститорот денеска се изврши технички прием на реконструираното основното училиште Илинден во с.Конопница. Со проектот, кој е аплициран во рамките на  програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, се опфатени санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведба на влезен хол.

 

Со тоа учениците од ова населено место добиваат  услови за квалитетна настава, а  истовремено се  исполнуваат стандардите и нормите пропишани за училиштата.

 

 

 

Големина на фонт
Контраст