Потпишан Кодекс за однесување на политичките партии

На иницијатива на градоначалникот Арсенчо Алексовси, на 28.05.2011 година, политичките партии  од Крива Паланка потпишаа  Кодекс за однесување во изборната кампања на предвремените парламентарни избори 2011 година, со цел да се обезбедат фер и демократски избори. Кодексот го потпишаа четири политички партии, Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Либерално-демократсата партија и Обединети за Македонија.

 

Партиите, кандидатите и членовите според Кодексот се обврзуваат  дека ќе промовираат слободни и фер избори, како и услови за демократска толеранција.

КОДЕКС ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст