Прв аматерски турнир во тенис „Крива Паланка-Ранковце опен“

Во текот на денешниот ден (22.9.2018г.) на тениските игралишта во Крива Паланка и Ранковце се одржува првиот аматерски турнир во тенис  „Крива Паланка-Ранковце опен“.

Турнирот во тенис го отворија градоначалниците на Крива Паланка и Ранковце  и во таа пригода изразија голема благодарност до иницијаторите за идејата за омасовување на тенисот како спортска дисциплина, која за брзо време може да стане атракција во целиот пограничен регион.

Оваа година со заеднички напори успеавме да го реализираме денешниот  турнир  во кој учествуваат четири општини, а наша тенденција е во наредната година да го зголемиме бројот на учесници и истиот да прерасне во интернационален турнир со учесници од соседните држави. Се надевам дека ова што го правиме како почетни чекори за промоција и популаризација на тенисот во нашиот град, како еден од најубавите спортови за младите, ќе вроди со плод и набргу ќе се гордееме со поголеми спортски успеси на тенисерите од Крива Паланка, изјави градоначалникот Мицевски.

Аматерскиот тениски турнир се оддржува по иницијатива на двајцата волонтери и етузијасти од  Крива Паланка, Игор Петровки и Горан Станковски,  во соработка со Општина Крива Паланка и Ранковце, како и голем број подржувачи и спонзори.