КУЗ „Фолклористи“ со награда од Меѓународниот фолклорен фестивал во Бурса

Градоначалникот Борјанчо Мицевски оствари средба со претставници на Културно уметничкото здружение „Фолклористи” кое успешно ја претстави македонската култура како и општина Крива Паланка на Меѓународниот фолклорен фестивал кој се одржа во Бурса, Р.Турција, во периодот од 04 до 10 септември. Во голема конкуренција  и многубројни учесници,  КУЗ „Фолклористи“ од страна на специјалното жири на фестивалот доби награда за „Најдобар сценски настап и драматичност во изведбата”.

Благодарение на прекрасните изведби и љубовта прикажана кон фолклорот од страна на членовите на друштвото, започната е успешна соработка со екипи од Турција, Србија и Грузија, а веќе се добиени и покани за наредната година за натпревари во Турција и Грција.

Се надеваме дека успесите ќе продолжат и дека успешно ќе биде претставена општината Крива Паланка преку Културно уметничкото здружение „Фолклористи“.

Големина на фонт
Контраст