Ликовниот уметник Роберт Цветковски ја најави самостојната 30-та јубилејна изложба во Gallery MC- Њујорк, САД

Градоначалникот  Борјанчо Мивевски денес имаше средба со реномираниот ликовен уметник Роберт Цветковски од Крива Паланка, а во пресрет на неговата  30-та  јубилејна самостојна изложба на слики.

Како врвен уметник од Крива Паланка и амбасадор на културата и уметноста од Р. Македонија, на Роберт Цветковски му претстои 30-та  јубилејна самостојна изложба на слики со која ќе се представи во една од најважните светски културни метрополи ,,Gallery MC“ – Галерија МЦ во Њујорк, САД во периодот од 10 до 25 јануари 2019 година.

Роберт Цветковски е еден од врвните ликовни уметници во државата, кој живее и твори во Крива Паланка, а негови дела се наоѓаат на неколку континети и  во светски збирки, во голем број институции, како и приватни колекции  во: САД, Кина, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Германија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Турција, Србија, Бугарија, Македонија и во постојани колекции-Центар за современа уметност-Подгорица-Црна Гора.

Во работниот опус на Цветковски се наоѓаат над 900 дела во различни сликарски техники и над 1000 цртежи во делот на сликарството. Едно авторско ремек-дело, како подарок од Цветковски, од денес се наоѓа и во кабинетот на градоначалникот Мицевски кој изјави дека, културните амбасадори, кои се најдобрите промотори на општината и државата, секогаш ќе бидат препознаени и поддржани од страна на Општина Крива Паланка.

Цветковски е роден 1965 година во Куманово. Дипломирал на Факултетот за ликовна уметност во Скопје 1989 година, во класата на Ана Темкова, а живее и работи во Крива Паланка, како ликовен педагог во гиманзизијата СОУ ,,Ѓорче Петров“.