Црногорскиот амбасадор ја посети Крива Паланка

Амбасадорот на Црна Гора во Македонија, гн Душан Мрдовиќ, престојуваше во работна посета на Крива Паланка, што воедно беше и негова прва посета на нашата општина, реализирана на иницијатива на градоначалникот Арсенчо Алексовски. 

На средбата беше разговарано за воспоставување на различни облици на соработка од повеќе области, а  акцентот беше ставен на културната соработка. Првично, е договорено на Меѓународниот театарски фестивал  Свети Јоаким Осоговски учество да земе и  реномираниот театар од црноградскиот град Никшиќ.

-Постојат големи можности да се започне со културноуметничка сорабтока и да се даде подршка на вашата меѓународна театарска смотра. Понатаму, треба да се искористуваат и останатите потенцијали специфични за локалните заедници. Македонија е наша пријателска земја и досега има многу збратимени градови со Црна Гора, а истото би можело да се направи и со Крива Паланка. Отсекогаш сме биле поврзани и се потпираме еден на друг во развојот и евроатланските процеси, а јас како амбасадор ги подржувам сите облици на соработка, кои се на високо ниво, истакна црногорскиот амбасадор Мрдовиќ.

Од страна на градоначалникот Алесовски на амбасадорот Мрдовиќ му беа презентирани ресурсите на Крива Паланка, како и можните облици на соработка во областа на туризмот, стопанството, одржливиот развој, еколошката средина и други проекти. Договорено е воспоствување на блиска соработка со амбасадата во насока на збратимување со некоја од црногорските општина за заедничка размена на искуства и приближување на двете страни.

Амбасадорот Мрдовиќ посебно нагласи дека Црна Гора успешно ја надминала економската криза уште пред крајот на минатата година и дека напредува како на економски, така и на политички план, а веќе наесен се очекува започнување на преговорите за полноправно членство во ЕУ. Тој се надева дека и спорот помеѓу Македонија и Грција набргу ќе биде решен земјите од регионот за релативно време ќе се најдат во групата на европското семејство.

 

Големина на фонт
Контраст