Јелена Томашевиќ одржа концерт во Крива Паланка

Пред преполниот плоштад во центарот на Крива Паланка, во понеделник одржа концерт познатата српска поп-пејачка, Јелена Томашевиќ.

На концертот кој започна со настапот на „Тајфата“ и Димитар Андоновски, присуствуваа неколку илјади посетители, публика од различни генерации од разни краеви на Македонија.

Настанот е во организација на локалната самоуправа на општина Крива Палнака и културните институции од градот, во рамки на програмата на „Кривопаланечко културно лето 2018“, под покровителство на „Булмак“.

Томашевиќ како главна ѕвезда на вечерта ја крена на нозе публиката со познатите хитови:„Оро“, „Океани“, „Да ми је , да ми се врати“, „Име моје“, „Не дам на тебе“, „Кошава“ и многу други, а публиката во еден глас ги пееше со неа.

Пред настапот Томашевиќ оствари средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

-Навистина ми е драго што сум гостинка на вашиот фестивал кој низ годините го негувате и традиционално се одржува во времето на празнувања во општината. Срдечно сум пречекана, секогаш на драго срце доаѓам во Македонија, а особено ми е мило што сум во Крива Паланка, се радувам што посетувам место каде сум за прв пат и презадоволна сум од сите, а публиката беше одлична, изјави Томашевиќ.

Големина на фонт
Контраст