Се одржа седмото издание на музичкиот фестивал „Џој фест“

Неколку илјади љубители на рок музиката од Крива Паланка го проследија овогодинешното седмо издание на рок фестивалот „Џој фест“ 2018.

На фестивалот гостуваше познатиот  балкански  бенд  „Рибја Чорба“, а покрај нив публиката ја забавуваа и македонскиот бенд  Фиц и „Студени Нозе“ и рок- составот „РГБ“ од Крива Паланка.

Организаторите истакнаа дека се презадоволни од рекордниот број на посетители што е показател дека фестивалот прерасна во реномиран настан кој ја привлекува публиката од разни краеви на Македонија, а имаше и публика од соседна Србија и Бугарија. Публиката одлично се забавуваше со добро познатите хитови на учесниците. Плоштадот беше преполн, а таа вечер, градот буквално живееше во духот на рок-музиката.

Пред настапот членовите  на бендот „Рибја Чорба“ остварија средба со градоначалникот Борјанчо Мицевски.

Гостите исто така беа презадоволни од гостопримството на организаторите и градоначалникот, како и од приемот на публиката, која во еден глас ги пееше хитовите на „Рибја Чорба“и „Студени Нозе“

„Џој фест“ 2018 се одржа во рамки на „Кривопаланечко културно лето“ во организација на локалната самоуправа на општина Крива Паланка, со поддршка на институциите од областа на културата од градот, Министерство за култура на РМ, под генерално покровителство на рудници „Булмак“.

 

Големина на фонт
Контраст