Потпишан договор за проектот „Под исто небо“

Вчера градоначалникот Арсенчо Алексовски во Софија го потпиша договорот за имплементација на проектот „Под исто небо“ во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на проектот е 282.000 евра од кои 220.000 евра за Крива Паланка како носител на проектот и 62.000 евра за Дупница како партнер. Во рамките на проектот Општината ќе асфалтира пат во должина од 1 км, а исто така  ќе изврши  и тампонирање на 950 метри пат до испосницата на пустиножителот Свети Јоаким Осоговски во село Градец. Локалитетот ќе биде партерно уреден, а ќе биде изработен и географски-информациски систем за сакралното наследство како и промоција на локалитетот како еден од нашите најголеми туристички потенцијали.

 

Големина на фонт
Контраст