Соработка со „Индо минералс & металс“

На  09.05.2011 година, беше потпишан Меморандум за соработка  помеѓу Општина Крива  Паланка, претставувана од Градоначалникот Арсенчо Алексовски и Друштвото за производство, трговија и услуги „ИНДО МИНЕРАЛС &  МЕТАЛС“ ДООЕЛ увоз-извоз Пробиштип, кое стопанисува со рудникот Тораница во Крива Паланка – претставувано од  управителот,  Канаја Лал Моза.

 

Со  потпишување на Меморандум се потврдуваат  аспирациите на двете страни  за соработка, партнерство  и имплементација  на одредени развојни  проекти  и  активности  во општина Крива Паланка,  и потврдува дека  ДПТУ „ИНДО МИНЕРАЛС &  МЕТАЛС“  ДООЕЛ увоз-извоз, како општествено одговорна компанија ќе  ја понудат својата подршка  на истите  проекти и активности.

Предмет  на Меморандумот за соработка е поддршка на општина Крива Паланка од ДПТУ „ИНДО МИНЕРАЛС &  МЕТАЛС“  ДООЕЛ увоз-извоз, во реализација на проекти за општо добро и поширок интерес за локалната заедница, кои ќе се реализират  во  текот на 2011 година и тоа

  • Подршка на спортот и  активностите на спортските клубови во општина Крива Паланка; 
  • Подршка  на активностите  на организација и реализација на културни манифестации во општина Крива Паланка.  

 

Големина на фонт
Контраст