XIV Интернационален фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

На 24 август (петок) започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. На 14-то фестивалско издание, кое ќе трае три дена,  ќе настапат фолклорни ансамбли од Турција,  Србија, Северен Кипар, Бугарија и Македонија.

Фестивалот ќе започне со свечено дефиле низ градот во 18 часот, а граѓаните ќе може да ги проследат настапите на фолклорните друштва на градскиот плоштад со почеток во 19 часот.

Меѓународен фолклорен фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ 2018