Одржана обука за транспарентно работење

На 4 и 5 мај во манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ се одржа обука во рамките на проектот „Ресурси за отчетно, транспарентно и одговорно работење“. На обуката присуствуваа вработени во локалната администрација, советници и претставници на граѓанскиот сектор од Крива Паланка, Ранковце, Кратово, Пробиштип и Старо Нагоричане.

Основната цел на проектот е зголемување на степенот на транспарентно, отчетно и одговорно работење во единиците на локалната самоуправа преку градење на капацитетите на општинската администарција, креирање и негување на морални и етички норми на однесување, а во насока кон полесно и побрзо исполнување на барањата за ефикасни институции и служби во функција на граѓаните.

Проектот е овозможен со грант од програмата CIVICA Mobilitas, имплементиран од ЦИРАа и финансиски подржан од SDC, а се имплементира од страна на ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“ Кратово.

Големина на фонт
Контраст