Ретроспективна изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски

Вечерта 19.07.2018 година во Градскиот музеј Крива Паланка со почеток во 20.00 часот беше отворена ретроспективната изложба „20 години аматерско творештво“ на Игор Додевски. Настанот е во организација на Општина Крива Паланка и Градски музеј, а се одржува во рамки на Кривопаланечкото културно лето.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски во свето обраќање пред бројните посетители  истакна дека во рамки на Кривопаланечкото културно лето се предвидени повеќе настани меѓу кои и оваа изложба со што се збогатува културниот живот во општината, се промовираат локалните автори, а воедно упати пофални зборови за делата кои се изложени во рамки на изложбата. Директорот на ЛУ Градски Музеј Драган Величковски дадено воведно излагање за самиот автор и за делата, а самиот автор Игор Додевски се заблагодари на гостите кои со своето присуство ја збогатија изложбата.

Целиот настан помина во пријатна атмосфера со разгледување и прослава на 20 години ретроспектива на аматерско творештво.