Велигденски културен бран 2011

Во чест на големиот христијански празник Велигден вчера во Националната установа – Центар за култура во Крива Паланка започна  манифестацијата „Велигденски културен бран 2011 година“ . На првот ден од овој настан се претставија учениците од основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ со изложба на цртежи и поетско читање.

Денеска посетителите ќе имаат можност да ја проследат  театарската претстава „Чест“ од Васил Иљоски која ќе ја изведат членовите на Драмското студио при НУ – Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево. Во наредните денови на програмата е фолкорен концерт, изложба и избор на селска носија и велигденско јајце во манастарискиот комплекс „Св. Јаоким Осоговски“.

Организатор на манифестацијата  „Велигденски културен бран 2011 година“ е Националната установа – Центар за култура во Крива Паланка со поддршка на Организација на жени од Крива Паланка, основните училишта  „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и манастирот „Св.Јоаким Осоговски“, а покровител  е Општина Крива Паланка.
Големина на фонт
Контраст