Крива Паланка дел од проектот „Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење“

Зголемување на степенот на транаспарентно, отчетно и одговорно работење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) преку градење на капацитетите на општинската администрација, креирање и негување етички норми на однесување за поефикасни институции во служба на граѓаните, е целта на проектот „Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење“,  во која е вклучена Општина Крива Паланка.

Со проектот се опфатени и Кратово, Ранковце, Пробиштип и Старо Нагоричане, како општини кои егзистираат во регион кој важи за социо-економски неразвиен, а општинските буџети и кадровската поставеност не секогаш се доволни за целосна јавност во работењето.

Проектот „Ресурси за одговорно, транспарентно и отчетно работење“ е овозможен преку грант од програмата Civica Mobilitas, имплементиран од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC, а се имплементираат од страна на ЗГ „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово.

Проектот ќе трае шест месеци со буџет од 652.500 денари од кои 465.000 денари се од програмата на Civica Mobilitas, а останатите се сопствено учество и од други извори на финансирање.

Големина на фонт
Контраст